Најбогатиот човек на светот со заработени 74.9 милијарди долари – Бил Гејтс, дал интересна изјава која што многумина насмеала, а другите ги налутила.
Иако има повеќе пари отколку што може да се потрошат и за педесет животи, основачот на комапнијата „Мајкрософт“ се обидел да замисли како е да живее во сиромаштија.
Тој поминал време помагајќи им на сиромашните во Африка и добро знае како преживуваат луѓето во екстремно неповолни услови, а сега дал и совети како да се преживее со само два долари во џеб.
„Би одгледувал пилиња. Да одгледуваш пилиња е многу евтино, а можат да допринесат во здравјето на децата затоа што се непроценлив избор за хранливи материи. Јајцата можат да помогнат во борбата против глатта, а тука е и можноста да се продаваат пилињата и јајцата и потоа со тие пари да се купи друга храна.
Значи, пилињата се добра инвестиција. Да претпоставиме дека фармерот започнува со пет кокошки. Еден сосед има петел кој што може да ги оплоди за да имаат повеќе јајца. По три месеци, фармерот може да има дури 40 пилиња. И на краот продажната цена од пет долари по пиле, што е типична цена за Западна Африка, може да доведе до заработка од 1.000 долари годишно“, објаснил Гејтс на својот блог.