Највеќе ќе се каеш што си ја повредил жената која те чекаше да созрееш

Вистинската љубов е едно од најубавите животни искуства. Таа доаѓа во вистинско време и во вистинско место, но и со вистинската личност. Кај оваа љубов нема што би било кога би било, нема погрешни моменти, не постои конкуренција.
Но, најголем дел од врските се навистина далеку од вистинската љубов. Некогаш поради тоа што многу ја сакаме другата личност, некогаш бидејќи се надеваме дека ќе се сменат работите на подобро, некогаш се обвинуваме себеси и мислиме дека грешката лежи во нас. Кога оваа љубов ќе се скрши, тешко е таа да се врати назад. Веќе не се поправа.


Една од најлошите љубови е кога едната личност не е подготвена да љуби. Таа се случува кога жената е зрела и подготвена вистински да сака, кога таа му помага на својот партнер да биде најдобрата верзија од себе, кога му дава милион шанси да и докаже дека ја сака. Но, тој едноставно не е подготвен.
Многу мажи се трудат да ги тестираат границите на жените кои ги сакаат. Некогаш се премногу горди за да признаат, а некогаш едноставно во нив нема љубов. На крајот, тие ја губат таа личност. Во еден момент, таа веќе не може да поднесе и си заминува.
Но, некогаш поминува месец или година, кога мажот сфаќа дека можеби таа била вистинската љубов. Дека таа жена можеби била вистинската за него.
Веќе е доцна. Таа жена продолжила со својот живот.
Не би требало да бегате од љубовта, не би требало да се плашите, но таквата љубов веќе е минато. Највеќе ќе се каете за жената што дала се од себе за да ве сака и да ја сакате, а вие не сте биле подготвени на тоа. Ќе дојде ден за тоа. Ќе ви биде потребна љубовта, топлината и сигурноста на таа жена. Но, не ни помислувајте да ја побарате повторно. Таа веќе е среќна некаде, далеку од вас.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.