Airbus го изведе првиот лет на својот А380 користејќи 100 проценти обновливо млазно гориво (SAF), кое главно се добива од масло за јадење и други отпадни масти.
А380, наречен MSN 1 полета од аеродромот Блањак во Тулуз, Франција на 25 март и помина три часа во лет. Неговиот Rolls-Royce Trent 900 мотор користеше одржливо гориво.
Вториот лет беше изведен на 29 март со цел тестирање на полетување и слетување со употреба на одржливи горива. Ова беше трет тип на авион Airbus кој летал со 100 проценти SAF во една година, но е убедливо најголем. Во март 2021 година, Airbus го употреби А350 за тестирање на одржливо гориво, а потоа и А319neo во октомври 2021 година.
За првиот лет на А380 овој месец, Airbus користеше 27 тони немешан SAF обезбедени од TotalEnergies, а горивото главно се состоеше од масло за јадење и други отпадни масти.