Најголемите маани на огнените знаци: Овен, Лав и Стрелец

Хороскопскиот знак на кој припаѓате според Зодијакот не може целосно да ве дефинира, но може да каже многу за вас.
Покрај заедничките доблести кои ги красат припадниците на секој знак, имаме и маани и негативни страни што ги делиме со другите луѓе кои припаѓаат на истиот хороскопски знак како нас.
Огнените знаци – Овен, Лав, Стрелец – важат за страсни, возбудливи и амбициозни, но исто така и за избувливи, тврдоглави и нетолерантни.
Ова се нивните најголеми маани поради кои можат да ги оддалечат луѓето во нивните животи, но оваа листа може да им послужи и за да го тргнат егото настрана (да, Лавови, тоа особено важи за вас) и да го сменат своето однесување.
ОВЕН
1) Овните имаат најексплозивен темперамент од сите знаци во Зодијакот и тешко го контролираат бесот.
2) Често се однесуваат незрело.


3) Лесно се возбудуваат кога почнуваат нешто ново, но брзо губат интерес.
4) Напорно нестрпливи се – секогаш сакаат сѐ да добијат во истиот момент кога го побарале.
5) Знаат да бидат егоистични и не знаат да се стават во туѓа кожа.
ЛАВ
1) Во врска, ретко ќе се чувствувате сигурно со нив бидејќи обожаваат да флертуваат
2) Секогаш ќе имате чувство дека вие сте партнерот кој сака повеќе во врската и ќе се натпреварувате за внимание со – самите нив.
3) Ретко ќе признаат дека не се во право, а и кога ќе признаат, не веруваат во тоа, туку го прават за да се покажат како мудри и флексибилни.
4) Знаат да бидат арогантни и нетактични.
5) Мора да бидат во центарот на вниманието, па како нивни браќа или сестри, партнери, другари или колеги, секогаш ќе бидете во нивна сенка.
СТРЕЛЕЦ
1) Стрелците сакаат да зборуваат, но не знаат да слушаат.
2) Очекуваат другите да ги анимираат, а ако не им е забавно – кукаат.
3) Стрелците мислат дека знаат сѐ и речиси никогаш не сакаат да прифатат нови информации и промени.
4) Знаат да бидат премногу директни и бесчувствителни.
5) Сакаат да бидат доминантниот партнер во врската и не се флексибилни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.