Најголемите митови за здравјето во кои веруваме

Некои навики и знаења ни се вткаени во свеста уште од раната младост, но дали тие се точни или нѐ учеле погрешно? Ова се најголемите митови за здравјето во кои веруваат луѓето.
Најголемите митови за здравјето во кои веруваме
Високиот холестерол се јавува само кај постарите
Доколку мислите дека не мора да се грижите за нивото на холестерол во вашата крв сѐ додека не стигнете до одредена возраст, се лажете. Всушност, треба да се проверувате дури и во младоста. Лекарите велат дека секој кој има барем 20 години треба редовно да го проверува нивото на холестерол во крвта. Ова е дополнително важно денес поради лошата храна која сме навикнати да ја внесуваме. Ризикот од повисок холестерол не ги заобиколува младите.


Топлата вода ги отстранува бактериите
Нѐ учеа од мали дека треба да ги миеме рацете со топла вода за да ги отстраниме бактериите. Време е да знаете дека ова е погрешно. За отстранување на бактериите е поважно миењето со сапун и правилното движење со прстите и дланките за време на миењето отколку температурата на водата. Не треба да се миете со топла вода за рацете да ви бидат чисти, велат докторите.
Може да се разболиме од клима-уредите
Ова сигурно сте го слушнале многупати досега, особено доколку се чувствувате настинати, а поминувате долго време во климатизирана просторија. Вистината е дека доколку чувствувате негативна промена кога сте во климатизирана просторија, веројатно имате алергија. Алергиите, дури и оние кои се благи, се активираат кога лицето преминува од просторија во која воздухот е „прочистен“ во таква во која воздухот е полн со природни алергени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.