Од вчера, семејството Ал Асад повеќе не е на власт во Сирија, по 53 години долго владеење.Хафез ал-Асад, офицер на сириските воздухопловни сили, ја презеде власта во 1971 година и владееше до 2000 година. Потоа му го предаде тронот на својот син Башар ал-Асад, срамежлив лекар кој работеше во Лондон и се интересираше за компјутери.Башар ал Асад воопшто не требаше да стане претседател на Сирија. Наследник на Хафез требаше да биде постариот брат на Башар, Базел, кој бил обучен за специјални сили и образуван во воените училишта во Советскиот Сојуз.
The turning point of fall of Assad dynasty was not the Arab spring 2011 or Turkish support to rebels in 2024Rather it was the death of Bashar Al Assad’s elder brother Bassel Al Assad in a high speed car accident back in 1994Bassel Al Assad was groomed for power, was dynamics,… https://t.co/nsuJBFk1bk pic.twitter.com/ROXXcDG6bY— Comrade Muji (Muji ka Parivar) (@mujifren) December 8, 2024
Базел загина во 1994 година во својот луксузен „мерцедес“, кога удри во столб на булеварот во Дамаск. Базел возеше низ маглата до аеродромот за да оди на скијање на Алпите.Башар ал Асад, тогаш млад лекар, кој работел во Лондон каде ја запознал сопругата Асма, бил назначен за наследник и започнале неговите „подготовки“.Помладиот брат на поранешниот сириски претседател, Махер ал-Асад , кој го нарекуваат „Шефот“, ретко се појавува во медиумите. Од почетокот на граѓанската војна во Арапската Република, тој командуваше со елитната 4-та оклопна дивизија.Махер е познат како тврд човек, кој наводно го застрелал својот зет Асеф Шавкат во 1999 година по расправија. Тој, исто така, одржува одлични односи со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, Иранската револуционерна гарда.Сепак, најголемата мистерија на сириската династија е дефинитивно Маџид ал-Асад. Тој е роден во Дамаск, и најверојатно имал одредено психичко или физичко нарушување, поради што неговото семејство го криело од јавноста.Можете да го видите како стои на семејната фотографија, второ десно.И покрај одредени тешкотии, тој се здоби со звање инженер по електроника. Тој немаше деца, а почина во 2009 година, на 43-годишна возраст, по долго и тешко боледување .