ОТКРИЕНА ПОРАКА ВО ШИШЕ СТАРА 23 ГОДИНИ: ТИНЕЈЏЕР НАПИШАЛ ПИСМО, а сега дознале како живее и дали ја нашол ЉУБОВТА (бонус видео)

Стивен Колфилд, кој имал 22 години во 1999 година, решил да ја побара девојка користејќи порака во шише .

– Имам 22 години. Те молам пиши ми ако си девојче . Благодарам – напишал Стивен, кој ја додал и својата адреса.

Пораката била пронајдена 23 години подоцна, а пронаоѓачот ја споделил на социјалните мрежи. Секако, сите ги интересираше што се случи со Стивен и дали нашол девојка, а приказната има среќен крај .

Anyone know this fella? Someone found this in a bottle in Dundrum. pic.twitter.com/E0NcUzLVhB— Festive Irish Lady 🎄💚🤍🧡🇵🇸🎅 (@SpookyIrishLady) December 19, 2021

Иако самата порака немаше влијание врз неговиот љубовен живот, Стивен сега е оженет и има деца.

– Се надевав дека ќе оди малку подалеку. Заборавив на тоа . Тоа беше направено кога бев тинејџер. Само да видам до каде ќе стигнат (малку беше шега). Мојата сопруга и децата се смеат за тоа – ја објаснил ситуацијата Стивен, а пренесува The Sun.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.