Македонскиот фудбалер за врска Бојан Најденов, екс-фудбалер на Хоризонт Турново, Работнички, Вардар, кој есенва играше за Академија Пандев се врати во Узбекистан после неполна година откако првпат отиде во оваа поранешна советска република.
Најденов до февруари годинава беше дел Навбахор, каде играше после заминувањето од Вардар ланското лето, по што од Узбекистан се пресели во црногорска Искра, а од август годинава беше дел од Академија Пандев, но после шест месеци реши да ги напушти струмичани.
Сега Најденов ќе игра зза Локомотив Ташкент, кој веќе го промовираше за свој нов член и во Узбекистан заминува како слободен играч после прекинатата соработка со Пандевци.