Иако генетиката има најголемо влијание на нашата способност на согорување на мастите, одредена храна може да го забрза, но и сериозно да го успори метаболизмот.
Доколку не можеме да ослабнеме или пак процесот на слабеење е спорт, вообичаено за тоа го обвинуваме метаболизмот.
Доколку метаболизмот е навистина главниот виновник, дали тој со одредена храна може да се акивира и дали постојат намирници кои што го успоруваат? Нутриционистите имаат потврден одговор.
„Вашиот метаболизам е тоа што создава и согорува енергија од храната“, вели нутриционистот Мелиса Мајумдае.
„Зголмувањето на мускулната маса со вежбање го забрзува нашиот метаболизам, па дури и кога не вежбаме активно“, вели таа.
Овие намирници треба да ги избегнувате доколку сакате да имате витка фигура:
1. Рафинирани житарки
Рафинираните зрна како оние кои се наоѓаат во преработената, пакувана храна, белиот леб, тестенините, оризот – можат да го саботираат губењето на тежината. Истражување објавено во јуни 2011 година во списанието „Nev England Journal of Medicine“, докажало дека консумирањето на таква храна може драстично да го намали процесот на слабеење.
Рафинираните житарки содржат празни калории, немаат растителни влакна и можат да предизвикаат нагло покачување на шеќерот во крвта.
2. Сокови полни со шеќер
Истражување објавено во јули 2017 година во списанието „BMC Nutrition“, открило дека консумирање на оброк со високо ниво на протеини заедно со пијалак засладен со шеќер може негативно да влијае на енергетскиот биланс, да го успори метаболизмот и да доведе до тоа во телото да се складираат повеќе масти.
„Поради тоа што станува збор за концентриран облик на шеќер, сокот може да го зголеми нивото на шеќер во крвта и да направи да чувствувате глад веднаш откако ќе го испиете“, вели Мелиса.
3. Гранола
Иако често се промовира како здрава храна, гранолата е богата со калории и масти и има високо ниво на шеќери, па во голем број од случаите таа е виновникот што се чувствувате уште погладни.
„Гранолата е една од оние митски здрави намирници која што има многу калории и шеќери во себе“, вели нутриционистката.