Премиерката на Естонија, Каја Калас, денес најави дека е заинтересирана да ја преземе функцијата генерален секретар на НАТО.
Запрашана дали би сакала да ја превземе таа улога кога ќе заврши мандатот на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, Каја Калас одговорила потврдно.
- Борозан ептен го пецна ривалот: Вардар има повеќе титули во ЛШ, отколку Пелистер победи во две сезони
- Холивудска актерка се омажи за дизајнерка: Прво добија ќерка, па направија тајна свадба
- Зеленски: Путин се плаши да употреби нуклеарно оружје
- Во тешка здравствена состојба пренесен во болница еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче
- Едниот бубрег му е речиси целосно откажан – Во тешка здравствена состојба пренесен во болница еден од обвинетите за убиствата на Вања и Панче
Каја Калас
Таа неодамна кажа дека верува оти Украина може да ја победи Русија. Каја Калас ги отфрли и обвинувањата дека војната е во ќорсокак, велејќи дека тоа им служи на руските интереси.
„Тоа им оди во прилог. Не паѓајте во таа замка“, порача премиерката на Естонија.
Каја Калас додаде дека во Украина е потребен одржлив мир, а за тоа е неопходна поддршката од Соединетите Американски Држави.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.