Најмалку 11 лица загинале во судири на завојуваните племиња во централниот дел на Нигерија во близина на градот Џос, пренесе Assocaited Press.Фармерите од муслиманското племе Фулани ги нападнале жителите на селото Каркаши при што убиле седум луѓе. По извесно време христијаните од племето Тарок го нападнеле муслиманското село Занго при што се убиени четири лица а пет биле ранети.Претходно овој месец во централниот дел на Нигерија во напад од вооружени лица врз христијанско село беа убиени деветнаесет луѓе, меѓу кои повеќето жени и деца.Непријателството меѓу припадниците на етничката заедница Фулани чии припадници се претежно номадски овчари и постојаното локално население во Нигерија се чести. При селењето на стадата од место до место во потрага по вода и храна за добитокот, номадите често влегуваат во конфликти околу пасиштата коишто им припаѓаат на локалните заедници. Во таквите судири последните неколку години се убиени илјадници луѓе.
МакфаксНајмалку 11 лица загинале во судири на завојуваните племиња во централниот дел на Нигерија во близина на градот Џос, п