Најмладата ќерка на Путин живее во Париз тврдат украински медиуми

Според извештаите кои се шират по дел од светските медиуми се тврди дека тајната ќерка на Владимир Путин, Елизавета Кривоноших, живее под псевдоним и престојува во Запднитге земји додека нејзиниот татко води крвава војна со Украина.

Според истражувањето на украинската телевизија, се верува дека таа се претставува како роднина на покојниот сојузник на Путин, Олег Руднов.

Елизавета Кривоноших, исто така позната како Луиза Розова, исчезна кратко пред почетокот на војната во Украина, иако претходно беше активна на социјалните медиуми во Русија.

Според „ТСН“, тие ја пронашле неа и нејзината мајка – 49-годишната чистачка која стана мултимилионерка – и откриле дека сега се претставуваат со презимето Руднова.

„ТСН“ тврди дека Елизавета била студентка на Парискиот школски центар за менаџмент и уметност.

Првото спомнување на оваа тајна ќерка на Путин се случи пред четири години, кога истражувачки новинари од магазинот “Проект” се заинтересираа за Светлана Кривоноших, сопственичка на дел од банката “Русија” и една од најбогатите жени во Русија.

Во истражувањето, тогаш се споменуваше како познаничка на Путин, но кога истражувачите ја пронајдоа страницата на нејзината ќерка на социјалните мрежи, откриле дека не е само познаник.

Минатата година, Велика Британија ја стави Светлана Кривоноших на списокот на санкции, соопштувајќи дека “постојано ја промовира руската агресија врз Украина”.

Елизавета Кривоноших, родена на 3 март 2003 година во Санкт Петербург, сега носи ново презиме: Елизавета Олеговна Руднова, наводно промената се случила летото 2021 година.

Украинскиот медиум исто така објави и потврда дека таа студирала на приватна образовна институција во близина на Плоштадот на Триумфалната капија во центарот на Париз.

Според документите, Елизавета не завршила целосно трета година на студии (2022-2023), но добила кредити во следната академска година.

Неколку наставници на оваа институција потврдиле дека ја виделе Луиза, но исто така изјавиле дека не знаат дали таа е вистинската ќерка на Путин.

Се верува дека учела со други студенти, но тие тврдат дека не знаеле дека таа е ќерка на рускиот претседател.

Низ оваа мистериозна приказна, се поставува прашањето дали Елизавета Кривоноших (или Руднова) е навистина незаконска ќерка на Путин, или пак, дали ова е некаква стратегија на Кремљ за создавање на имиџ на “херој-љубовник”, така што луѓето ќе се фокусираат на децата на Путин, а не на проблемите во Русија.

Пронајдете не на следниве мрежи: