Најпознатиот еротски магазин во Југославија: На патот до трафиките снемувало иако имал тираж и до 300.000 примероци

Првиот број на „Еротика“, „ревијата за култура и уметност во љубовта“, излезе во февруари 1985 година за на крајот на 80-те да стане најтиражниот еротски магазин во Источна Европа со рекорд од скоро 400.000 продадени примероци во поранешната држава и дополнителни 100.000 во Унгарија, печатени во Загреб на унгарски јазик.

Миливој Пашичек, главниот уредник на тој сега веќе култен магазин вели дека при осмислувањето и одобрувањето на содржините и концепцијата на овој издавачки еротски проект во далечната 1985 година, немало скоро никакви проблеми.

Тој додава дека двигател на проектот бил профитот,  формула за успех биле квалитетни текстови, а не само „лепење“ на еротски фотографии. Затоа и угледот на „Еротика“ растел поради имињата на авторите и темите кои се обработувале во тој еротски магазин.

Просечниот продаден број на „Еротика“ бил поголем од 100.000 примероци, а во „успешното бегство од малограѓанството и политиката“, „Еротика“ станала интересна и барана од страна на читателите.

„На Унгарците им ја продадовме „Еротика“ во многу интересен аранжман. Им ги продадовме правата, а печатницата на „Вијесник“ ја печатеше „Еротика“ на унгарски јазик. Договорени беа 100.000 прмероци кои им ги праќавме како јаболка, ги признававме оштетените примероци, им дававме по 1.000 парчиња повеќе „ако се отуѓи или се уништи“. Покрај тие 100.000 примероци рекордна продажба ни беше кон крајот на 1987 година, кога бројот од декември „пламна“ во 399.698 примероци“, вели Пашичек.

На патот до трафиките снемувало и до 10.000 примероци

Покрај рекордната продажба, „Еротика“ беше позната и како издание на „Вјесник“ кое најмногу се крадело пред да стигне до трафиките.

„Имаше случаи кога се крадеа и по 10.000 примероци на „Еротика“ од печатницата, вели Пашичек.

Првата поголема непријатност ја имале поради голиот маж

„Првата поголема непријатност ја доживеавме кога печатевме гол маж. Како тоа да беше некаква сексуална револуција, се обидоа да го запрат печатењето и полиција ми тропна на врата. Секако, не успејаа да ја запрат „Еротика“,открива Пашичек.

Списанието „Еротика“ е згаснато во 1990 година. Според официјалните податоци, во првите четири години на излегување од 1985 до 1988 година, списаието било продадено во повеќе од 10 милиони примероци. Недостижниот рекорд бил постигнат во 1988 година, кога изданието на „Еротика“ во просек се продавало во 300.204 примероци.

Извор: Индекс

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.