Во терористичкиот напад на две џамии во Нов Зеланд, 49 лица беа убиени, а 48 се ранети. Помеѓу оние кои го преживеаа масакрот има и деца, а едно потресно видео на кое се гледа мало дете во џамијата кружи на социјалните мрежи.
На ова потресно видео се гледаат голем број на луѓе како лежат на подот во џамијата. Се слуша плач и врескање, додека камерата се доближува кон ѕид покрај кој лежи маж покрај кој седи дете.
#NewZealand Survivor Baby ! My god! pic.twitter.com/5D8VGYaAkr
— ?☠️ (@HerbolokProf) March 15, 2019
Малото дете чии чорапи беа крвави седи покрај мажот, за кој се претпоставува дека е негов татко. Мажот лежи на под, но на оваа снимка не може да се дознае дали некој од нив е повреден.
На едната фотографија, исто така од истата џамија се гледа како дете го прегрнува својот татко додека покрај нив лежат луѓе облеани во крв.
Исплашеното дете без зборови седи покрај таткото додека во просторијата се шири плач .