Израелските одбранбени сили (ИД) денеска ги продолжија воените операции во Појасот Газа пред почетокот на договорениот прекин на огнот.
- Убиен е лидерот на Хамас во Либан
- Пронајдена почината 72-годишна планинарка на Шар Планина
- Во последен момент спасен пливач во Дојранското Езеро
- Ковачев: Нема потреба од посредник во односите меѓу Бугарија и Македонија
- Пентагон ја зголеми борбената готовност поради потенцијалната закана од Иран
Според официјалната палестинска новинска агенција Вафа, девет лица се убиени во нападите врз кампот Нусејрат во централниот дел на Појасот Газа, а повеќе од 60 Палестинци биле убиени во одделен израелски напад врз кампот Џабалија, на северот на Газа, пренесува Би-Би-Си.
Евакуацијата на преостанатите пациенти од болницата Ал Шифа во Газа, со 14 амбулантни возила, почна денеска во координација со Обединетите нации и меѓународната хуманитарна невладина организација „Лекари без граници“, соопшти палестинскиот Црвен крст.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.