Некогаш парфемите биле привилегија само на богатите луѓе, резервирани за кралските семејства и племиња.
Со текот на времето работите се менувале, додека индустријата на парфеми цветала, па денес пазарот изобилува со мирисни ноти за сечиј вкус.
Меѓутоа, не е мирисот најважната работа кај парфемите. Дизајнот на шишето и амбалажата денес исто така ги диктираат високи цени.
Ексклузивните брендови често своите парфеми ги пакуваат во амбалажи украсени со најскапи материјали – дијаманти, кристали, скапоцени камења.
Едноставно позлатените и прекрасните шишиња сѐ повеќе ги привлекуваат купувачите од самиот мирис на парфемот, па многумина замислуваат дека на тој начин поседуваат 2 во 1 – и парфем и некој вид на накит.
А, доколку се прашувате кој е најскапиот парфем на светот, еве го одговорот.
Станува збор за парфемот „Shumukh“ кој го лансирала компанијата „Nabeel Perfumes“ во 2019 година.
Поставен е во трговскиот центар во Дубаи, мирисот се состои од мошус, индиски рози и се вели дека мириса на бајка од „1001 ноќ“.
Неговата цена достигнува неверојатни 1,143 милиони евра и моментално е најскапиот парфем на светот.
Високата вредност ја оправдува неговата амбалажа. Има повеќе од 3.500 дијаманти, бисери, 2,5 килограми 18-каратно злато и 5.9 килограми чисто сребро.
Требале повеќе од три години и 490 обиди да се дојде до вистинскиот мирис којшто го нуди парфемот.
Исто така, шишето од три литри на овој парфем поставил два Гинисови рекорди – за бројот на дијаманти ставени на шишето на парфемот и најскапо, комерцијално достапно шише со распрскувач за мирис.