Најстариот човек на планетата го слави 116-от роденден

Најстариот човек на светот во петокот го прославува својот 116-ти роденден и управата на градот во Јапонија во кој живее по тој повод покренува истражување за стогодишниците за да ја открие тајната на нивната долговечност.Џироемон Кимура ќе го слави роденденот со најблиските на кои ќе им се придружи градоначалник на западниот јапонски град Кјотанг, а ќе ги прими честитките и од премиерот Шинзо Абе.Кимура е најстариот маж на светот, а најстарата жена е Мисао Окава, исто така од Јапонија којашто на 5-ти март го прослави 115-от роденден.Кимура е роден на 19-ти април 1897 година и четириесетина години работел во пошта, за по заминувањето во пензија се посветил на градинарството се до својата 90-та година.„Тој е непушач, престанува да јаде пред да почувствува целосна ситост и умерено консумира алкохол“, изјави локален функционер на градот Кјотонг кој има 600 илјади жители.Во градот Кјотонг живеат околу стотина стогодишници и затоа градската управа покрена истражување за нивните прехранбени навики за да ја открие тајната на нивната долговечност.Кјотанг се наоѓа во пределот меѓу Јапонското Море и еден планински синџир недалеку од историскиот град Кјото и локалното население ужива во изобилството од плодови од морето и земјоделските производи. Така, со истражувањето ќе се направи обид да се открие поврзаноста меѓу локалната исхрана и долговечноста на тамошното население.Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години. Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади).МакфаксНајстариот човек на светот во петокот го прославува својот 116-ти роденден и управата на градот во Јапони

Пронајдете не на следниве мрежи: