Најубав, најотмен и најмоќен откако ја знаеме: Софија Вергара „го покори“ модниот свет со својот стајлинг

Колумбиската актерка со децении е на јавната сцена, но дефинитивно не може да се сетиме на некои нејзини модни комбинации со кои оставила толку моќен впечаток, како онаа која ја носела пред некоја вечер.
Во Лос Анџелес на 9 април било одржано доделувањето на наградите „Nickelodeon Kids’ Choice“ кое ги собрало познатите на едно место, но една од најзабележаните таму била Софија Вергара.
Огнената Колумбијка отсекогаш ги привлекувала погледите со својата харизма, широка насмевка, хумор, убавина, но и стилот кој секогаш е во чекор со најновите трендови.


Кога е во прашање модата на црвениот тепих, Софија Вергара ретко кога греши, а нејзиниот избор вообичаено е романтичен и со деколтирани фустани кои ја истакнуваат нејзината витка фигура.
Меѓутоа, сега таа одлучила да го смени својот стил, а резултатот е најдоброто издание откако ја знаеме Софија Вергара.


Актерката на доделувањето на наградите пристигнала облечена во облека која на прв поглед потсетува на комбинезон, но составена била од две парчиња.
Станува збор за широки панталони со висок струк кои се тесни во горниот дел, а од колената надолу се пошироки и во облик на ѕвоно, додека пак горниот дел е составен од асиметричен топ кој го открива едното рамо, а на второто има пуф ефект.


Меѓутоа, ова модно парче навистина го прави стајлингот да биде поинтересен.
Со ваков ефектен, а сепак сведен изглед не се потребни многу детали, па актерката носела впечатливи виолетови обетки со кристали и дијамантски прстени, додека шминката била умерена.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.