Кога синовите се одлучуваат за принова во својата фамилија, многу од мајките тешко се прилагодуваат на новонастанатата ситуација и улогата на свекрва. Еве некои од најчестите грешки кои ги прават…
Порталот Grandparents.com спровело истражување за односот помеѓу мајката и снаата, во кое присуствувале неколку илјади парови, голем број на психолози, социолози и советници за брак. Така, забележани се пет лоши постапки кои и носат непријатност на новата заедница.
Д-р Тери Oрбух, психолог на Универзитетот во Мичиген, тврди дека “ненајавени посети” се најчестите, но најфаталните грешки кои свекрвите ги прават. Таа повеќе од дваесет и шест години го следи развојот на илјадници бракови во голема студија на бракови и разводи, и смета дека овие посети се едни од причините за недобар однос помеѓу снаата и свекрвата.
„Едноставно јавете се на вашата снаа и кажете и дека ќе ви биде драго да ја посетите. Доволно е од време на време ако прашате кога и одговара, и проблемот е решен. Сите сакаат да имаат малку моќ, па тоа нема да боли ако некогаш конците гипрепуштите во нејзините раце ” вели д-р Oрбух.
На второ место е желбата на свекрвата да се однесува како мајка, иако на поголемиот број девојки тоа им е тешко да го прифатат. Проблем претставува и давањето на совети кои никој не ги бара, а ситуацијата уште повеќе се комплицира кога свекрвата ги критикува внуците..
„ Ако сте баба, треба да имаате најдобри мислења за своите внуци. Но, ако постојано ги критикувате , тоа директно наведува дека е вина на родителите. Бидете внимателни и конструктивни во критиките “, вели Тери Aптер , автор на бројни книги за создавање на односи во ново семејство .
Друга најчеста грешка која ја прават свекрвите е честото оговарање на снаата пред другите членови во семејството, првенствено пред својот син , а нејзиниот сопруг.
Бидејќи во најголем број на случаи грешките почнуваат од љубов, па така за нивна исправка со малку добра волја нема да биде тешко. Доколку во некој случај некој се почувствува запоставено, истражувањата покажуваат дека најдобро што може е свекрвата отворено да зборува со синот и снаата, да ги признае своите чувства и едноставно да се запрашате „Што да направите за да ја подобрите ситуацијата?“Кога синовите се одлучуваат за принова во својата фамилија, многу од мајките тешко се прилагодуваат на новонастанатата