На автопатот Скопје-Велес во „крајслер“ пронајдени 12 мигранти, две лица приведени

На автопатот Скопје-Велес изутрината околу три часот полициски службеници од Одделот за гранични работи и миграција во патничко моторно возило „крајслер“ пронашле 12 мигранти, на возраст од 23 до 48 години, од кои 11 од Бангладеш и еден од Пакистан.
Како што соопшти денеска МВР од страна на полицијата бил запрен „крајслер“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од Ф.И.(25), во кое сопатник бил малолетник, и двајцата од Радовиш.
При преглед на возилото биле пронајдени 12.те мигранти, по што Ф.И. и сопатникот биле приведени во Полициска станица Велес, а известен е и јавен обвинител.
По целосно документирање на случајот, против приведените ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.