Градоначалникот на Задар, Бранко Дукиќ, не го дозволи концертот на Александра Пријовиќ кој требаше да се одржи во Задар.
Концертот требаше да се одржи во мај во салата Крешимир Ќосиќ, но Дукиќ експресно одби да ја пушти српската ѕвезда да пее во градот, па концертот не беше закажан или најавен.
- Полицијата врши претрес во домот на хрватскиот министер за здравствоПрипадници на хрватската Национална полициска канцеларија за сузбивање на корупција и организиран криминал- прочитај повеќе
- Метео: Облачно, дождливо и ладно времеОд УХМР јавуваат дека времето денеска ќе биде променливо облачно, во југозападните делови- прочитај повеќе
- Овие три хороскопски знаци се најголеми скржавциНекои луѓе едноставно не сакаат да споделуваат – без разлика дали се работи- прочитај повеќе
- Ја поставил љубовницата за кралица, чекал повеќе од 7 децении за да се качи на тронот: Кој е кралот Чарлс III кој го промени курсот на британскиот двор (фото)Ова се 10 интересни факти за кралот Чарлс кој денес наполни 76 години.На- прочитај повеќе
- Германските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе идната годинаГерманските автомобилски брендови би можело да се вратат во Русија веќе во 2025- прочитај повеќе
Како што пренесуваат хрватските медиуми, Дукиќ ги одбил организаторите на концертот и го оправдал со тврдењето дека во салата Крешимир Ќосиќ „нема слободни термини“.
Градоначалникот на Задар не одговори на прашањата на Индекс, а не одговори ниту раководството на салата.
За концертот на Александра Пријовиќ во Задар почна да се зборува на крајот на минатата година, откако пејачката резервира и наполни пет Арени во Загреб. Задарски лист тогаш напиша дека има интерес за концертот на српската ѕвезда и дека се планира тој да се одржи во 2024 година.
Изгледа дека не се точни тврдењата на градоначалникот дека Вишњик е пребукиран, пишува гореспоменатиот медиум.
На веб-страницата на спортскиот центар Вишњик велат дека од март до мај тековната година ќе се одржат три естрадни концерти а со тоа ги најавија и концертите на Северина, Јелена Розга и групата Господар на танцот.
Потсетуваме, градоначалникот на Пула, Филип Зоричиќ, го откажа концертот на кој на 25 март требаше да настапат Ана Бекута, Драган Којиќ Кеба, Душко Кулиш и Зорана Миќановиќ. Имено, концертот го организирала организацијата „Хилјадарка“, која, како што се наведува, веќе го договорила издавањето на салата во закуп, но сепак градоначалникот решил сè да откаже.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.