На ГП „Богородица“ приведен Србин баран од Интерпол Франција за трговија со дрога

На граничниот премин Богородица вчера е приведен 38-годишниот Н.М. од Србија, баран од Интерпол Франција.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, при гранична проверка констатирано е дека Н.М бил баран од Интерпол за недозволена трговија со дрога.

Лицето било предадено на полициски службеници од Полициската станица Струмица за понатамошна постапка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.