Ричард Хехт, портпарол на израелските одбранбени сили (ИДФ), рече дека војската „гради инфраструктура за идни операции“ во Појасот Газа.
Би-би-си јавува дека Хахт објавил дека на границата со палестинската енклава се распоредени 35 баталјони.
Британскиот јавен сервис објаснува дека еден баталјон обично се состои од стотици војници.
Се наведува дека се очекува Израел да започне голема копнена операција во Појасот Газа.
Тоа ќе биде одговор на смртоносните напади што ги изврши палестинската екстремистичка организација Хамас во саботата со инвазија на територијата на Израел.
Израел целосно воспостави контрола над својата граница со Појасот Газа, објави рано утрово израелската армија, а пренесе Sky News.
- Вана откри како настанала песната „Tek je 12 sati“: Од самиот почеток знаевме дека песната е посебна
- Се појавија детали од тајната средба меѓу Макрон и Зеленски: Ќе има ли директна конфронтација меѓу Западот и Москва?
- Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции
- Во Катар претставен конечниот нацрт договор за прекин на огнот во Појасот Газа
- Како да се ослободите од љубопитните погледи на Инстаграм: Скријте го статусот и активностите
Британската телевизија ја пренесе изјавата на неименуван портпарол на израелските вооружени сили дека во последните 24 часа немало дополнителни упади на припадници на палестинската екстремистичка организација Хамас, ниту пак биле пронајдени нови прекугранични тунели.
Скај њуз наведува дека оваа објава уследи по вчерашниот брифинг на армијата дека има индиции дека борбите со Хамас се водат во најмногу осум области на израелската страна на границата.
Пронајдете не на следниве мрежи: