Откако се обиделе илегално да преминат во Грција на граничниот премин “Меџитлија“ се уапсени четири лица.
– Вчера во 11.15 часот во село Драгош, битолско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор “Меџитлија”, ги лишиле од слобода Ф.М.Р.(23), М.П.Ј., Д.Л.Ц.(22) и М.Р.А.(26), сите од Куба, при обид илегално да ја преминат државната граница од Македонија во Грција – информираат од МВР.
По извршени проверки било утврдено дека на 11.09.2019 тие легално влегле во Македонија на Граничниот премин “Табановце“. Приведените биле предадени на инспектор при одделот за прекуграничен криминал за понатамошна постапка.