На Димитров му текна: Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа

Ни се случува башибозук, рече вечерва поранешниот министер за надворешни работи Никола Димитров, кој во „Вести плус“ на Канал 5 зборуваше за состојбата во Македонија.

На Димитров му текна: Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа

Според него, проблемите се огромни, лекови нема, учебници нема, правда нема, а власта зборува само за уставните амандмани. Ситемот ни е такот што не сака способни луѓе, се пожали Димитров.

Чувствувам одговорност што бев дел од таа екипа, тоа не е истата екипа од онаа влада во којашто бев, но јас бев на избори, давав изборни ветувања кои се многу далеку од реалност, рече Димитров.

Димитров во однос на ЕУ, рече дека никогаш нема да бидеме зад другите ако си ја работиме работата, ако законот важи за сите. Вели дека мораме да се вратиме на она „нема правда, нема мир“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.