НА ЖЕНА Ѝ СЕ СЛОШИ НА АВТОБУСКА, ЧЕКАЛА АВТОБУС ПОВЕЌЕ ОД 1 ЧАС

Приватните автобуси 9, 19 и 20 денеска, како и во минатите денови, не пристигнуваат на автобуските станици според термините напишани на веб-страницата на ЈСП.

Голем број луѓе, кои по работното време ги чекаат автобусите дури и по 2 часа, зборуваат дека тоа се одразува на нивните работни обврски, семејни обврски, а пред сѐ и на здравјето поради жештините во Скопје.

– Ајде, јас возам автомобил, кој сега ми е расипан, па ова е инцидент за мене. Обично не чекам 9-ка. Жена ми денеска задоцни на состанок бидејќи не ѝ дојде автобусот навреме, чекаше повеќе од еден час. А автобусите 19 и 20, горе кај Шутка… Луѓето се за жалење, чекаат по 2 часа додека им дојде автобусот. Па ако им се погоди сѐ, ако се помолат и имаат среќа, можеби ќе дојде – тврди изреволтиран граѓанин за Плусинфо.

Според друг извор, на жена ѝ се слошило додека чекала 9-ка повеќе од час, а 2-3 автобуси не дошле во терминот напишан на веб-страницата на ЈСП.

Истите проблеми се јавуваат и со други возни линии, според изјави на граѓани.

Пронајдете не на следниве мрежи: