На Кија Коцкар и откриле два тумори: Го молам Господ се да биде добро

На пејачката, учесничка и победничка во „Задруга”, Кристина Кија Коцкар, повторно и е дијагностициран рак.
На 5 ноември и беше откриен тумор на дојка на Институтот за онкологија и радиологија во Србија, а сега за жал и се пронајдени уште два тумори.


-Пред еден месец одев на контрола и пронајдени се уште два тумори кои не успеа да ги видат на момографијата. Морам редовно да одам на контрола, но докторката ми кажа дека нема од што да се плашам бидејќи се почетни. Таа е позната по својата работа, а исто така го спаси животот на мојата колешка стујардеса, вели Кија додавајќи дека го моли Господ се да биде добро.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.