На крадецот на муралот на Бенкси во Украина му се заканува 12 години затвор

– Главното обвинителство во Киев покрена постапка против крадецот на муралот на Бенкси и нему му се заканува затворска казна до 12 години.

Маж, заедно со неколку помагачи, на почетокот на декември го отстранија графитот на британскиот уличен уметник од ѕид во киевското предградие Хостомел. Групата отсекла дел од уметничкото дело и гипс од фасадата на којашто беше насликана жена со гас-маска. Според официјалните лица, кривичната постапка е насочена исклучиво против мажот за кражба извршена во воена состојба. Тамошни жители ја забележале кражбата и повикале полиција.

„Тој е свесен за вредноста на делото и имал намера да го продаде графитот и да располага со приходите како што сака“, соопшти Канцеларијата на главниот обвинител. – „За да го направи тоа побарал помош од луѓе кои не биле свесни за неговите намери и ги убедил дека ги има сите потребни дозволи за да го демонтира муралот“, додаваат оттаму.

Во ноември осамнаа неколку нови уметнички дела на Бенкси, кој сe уште го крие својот идентитет, во предградијата на Киев погодени од војната, како и во самата украинска престолнина.

– Украдениот материјал е одземен од надлежните, а за неговата судбина натаму ќе одлучува Министерството за култура. Деловите не се оштетени, а се во заштита на полицијата, изјави гувернерот на Киевската Област, Олексиј Кулеба, на комуникациската платформа Телеграм.

Анонимниот британски уличен уметник откри дека создал 50 уметнички дела што ќе одат на продажба, а приходите ќе бидат наменети за хуманитарна организација за помош на Украина. 


Пронајдете не на следниве мрежи: