На крај ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав, само јас сум против


Тоа што го кажа Апасиев: „Ќе ги растуриме на дебати“, ги уплаши. Така што, сега бегаат од мене и од соочувања – вели Ванковска

ФОТО: МИА

Кандидатката за претседателка на државата поддржана од Левица, Билјана Ванковска, денеска од собирот во Тетово порача дека нејзините противкандидати бегаат од директни соочувања што не доликува на една демократија.

„Ни ја зедоа државата. Нема веќе демос, има само етнос. И кога една од противкандидатите зборува за гордост, јас се прашувам кога тоа ние во скоро време сме биле горди. Јас зборувам за достоинство. Достоинството е да достоиш на својот принцип, а потоа можеш да бидеш горд. Бегаат од мегдан. Јас им фрлам ракавици. Од пазарчиња, од улици, од социјални мрежи. Тоа што го кажа Апасиев: ‘Ќе ги растуриме на дебати’, ги уплаши. Така што, сега бегаат од мене и од соочувања. На крај, ќе излезе дека сите се за Бугарите во Устав. Само јас сум против“,

кажа Ванковска.

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: