На натпревар во Боливија почина 32-годишен фудбалски судија

За време на натпреварот од 25.коло во националниот шампионат на Боливија меѓу екипите на “Олвејс Реди“ и “Петролеро“ (5:0) починал судијата Виктор Хуртадо.
Трагедијата се случи во второто полувреме кога срцето на 32-годишниот судијата престанало да работи, јавуваат тамошните медиуми. Лекарите од двете екипи се обиделе да му помогнат, по што бил испратен во болница. Но ниту лекарите во болницата не можеле да го спасат судијата.
Објавено е дека лекарите на стадионот успеале да го реанимираат Хуртадо, меѓутоа во болницата тој повторно имал срцев удар, по кој починал. (МИА)

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.