На нејзините родители им ја дала својата ќерка и се отселила поради кариерата: „Воопшто не жалам“

Инструкторка им ја оставила својата ќерка на родителите кога се преселила од Исланд во Лондон, за да го стекне посакуваното образование – и признава дека тогаш постојано имала чувство на вина.
Свава Сигбертсдотир (38) не жали поради својот избор, бидејќи нејзината база на клиенти сега вклучува и некои познати имиња, како Никол Шерцингер, која е жири во емисијата „Britain’s Got Talent“ и манекенката Суки Ватерхаус.
„Рејвен имаше шест години кога во 2004-та година се преселив во Лондон. Веќе ја прекинав врската со нејзиниот татко, кој се пресели во Америка за да студира и да стане пилот, па таа остана кај нејзините баба и дедо. Беше тешко, постојано чувствувате вина“, рекла Свава.
Додала дека знаела дека тоа го прави од вистински причини, па се обидувала да ја заборави вината, но тоа не ѝ успевало.

 

View this post on Instagram

 

I was 17 when I became pregnant with Raven. Me and her dad gave her the name Hrafnhildur which means War of the Ravens. ⚔️❤️ . But when it was time to move to England, an unknown country with an unknown language, I knew that that would be difficult enough, let alone with a name no one here could pronounce. So we decided she would have the name Raven in England. We have never call her that but I am so happy I found another name that represents her real Viking name as well as her wisdom, her intellect and her independence. ⚔️❤️ . And yes me and her have sometimes struggled, but ME AND HER have never struggled. Even though life brought it’s temporary downs, it’s always been nothing but ups being with her. It’s never been hard being her mum. It’s always been a privilege. Here’s to my Hrafnhildur. ⚔️❤️?? . . #sheismyviking #dreamteam #butifshedidntbakethenimnotsure

A post shared by Svava (@thevikingmethod) on


„Беше добро, се пресели кај мене кога имаше девет години. Ја однесов кај терапевт за да видам дали на неа останале последици поради тоа што ја напуштив, но ми беше кажано дека не сум можела да направам ништо подобро“, раскажала таа.
Свава сакала да се занимава со мјузикли во театар, но во Исланд немало соодветно образование, па мислела дека мора да се пресели во странство.
„Требаше овде да останам само три години и да добијам диплома, но сфатив дека сакам повеќе. Времето толку брзо поминува“, изјавила.
Сакала да оди во школа за танцување, но тие години биле тешка борба, деноноќно работела за да го плати местото каде што живеела.
„Поголемиот дел од времето не можев да си дозволам храна, но работев во ресторан, сè беше одлично, бидејќи имавме еден бесплатен оброк по смена. Не добивав многу намирници, бидејќи ресторанот работеше како менза, но сепак добивав околу 5 фунти и мислев дека тоа е одлично.“
Школувањето било скапо, а стипендијата била доволна само за да ги покрие трошоците за дипломата. На факултет поминувала од 9 до 18 часа, потоа работела во ресторан од 18:30 до полноќ преку неделата, а работела и за викендите.
„Беше исцрпувачки. Луѓето кои доаѓаа од Исланд ме прашуваа во кои клубови да излегуваат, а јас им велев: ‘Немам поим, никогаш не сум била во клуб“, се присетила.
Откако ја завршила танцувачката школа, Свава одлучила да го комбинира својот тренинг со вежби за зајакнување и тонирање, какви што се изведуваат во теретана, па така е родена нејзината Викинг метода.

 

View this post on Instagram

 

My 50% off the Viking online programs offer with @heatworld is still running! So there is no better time than now to Get up, Dress Up and Show Up. For yourself. I am handing you all the tools. You just need to take them. It’s time to Slay!!! ⚔️?? . . The online programs are split into days of the week, you have different functional resistance programs, cardio, Viking Madness program and Think Like a Viking program. All come with both photos and videos. You can choose from 6 weeks of Fury or 12 week of Wrath followed by the advanced 9 weeks of Mayhem program! They all come as well with recipes, daily meal plans examples, articles, the before & after performances and so much more. The programs you can do at home, in the gym, wherever you are. ⚔️?? . They are all about optimising your training, your nutrition and very importantly, your mental state. You. Your Self. A true Viking making programs. Click on the link in my bio, for 6 weeks of Fury, add HEATVIKING6 at the checkout, for 12 weeks of Wrath, add HEATVIKING12 at the checkout and BOOM! You get 50% off! Get ready to go Berserk! ⚔️?⚔️❤️?? . . #wegotthis #jointheclan

A post shared by Svava (@thevikingmethod) on


„Поинаку е, бидејќи тоа го отстранува начинот на функционален тренинг кој може да го направите било каде. Нема никакви вежби како оние за искачување или пак скокови и слично. Секоја вежба многу ви помага“, рекла таа.
Но, Свава наишла на нова препрека кога се обидела да ја објави својата техника, а тој предизвик ја донел право до Никол.
„Направив интернет страница и си помислив: ‘Како да ги известам луѓето?’ Им се јавував на сопствениците на магазините и тие ме прашуваа кој вежба кај мене. Тогаш почнав да им испраќам меилови на луѓето кои се во центарот на вниманието, но само на оние кои нема инструктори“, вели Свава.
Размислувала кој е тука, а да е од Америка. Тоа се случувало во 2013-та година, кога Никол работела на проектот „X Factor“. Таа ѝ се јавила на асистентката на Никол и ја прашала дали ѝ е потребен личен тренер.


„Сега вежбам со неа секогаш кога ќе дојде од Америка, во нејзината хотелска теретана, а таа вежба секој втор ден по еден час. Со водителката Аманда Холден почнав да работам во 2016-та година, откако ѝ испратив меил неколку години претходно. Трениравме кај мене дома“, вели Свава.
Неколку години подоцна, таа Никол ја смета за една од своите блиски пријателки.
„Тоа е толку интимна врска, кога тренирате некого. Не велам дека сум терапевт, но не познавам никој друг во нивниот живот, па се чувствуваат сигурно кога разговараат со мене. Ми кажуваат работи кои не можат на никој друг да им ги кажат, па навистина се зближувате“, наведува таа.
Свава сега ја објавува својата прва книга која го вклучува нејзиниот целокупен план за тренинг и има над 16.800 следачи на Инстаграм, па работите никогаш не ѝ изгледале подобро.
„На некој начин ми е драго што поминав низ сите тие моменти“, заклучила Свава, пренесува „The Sun“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.