На одредени типови на кожа кокосовото масло не делува лековито

Во одредени случаеви кокосот е многу популарен производ кој сепак се покажува за лош произод. Веќе подолго време се зборува дека е лековит, но и за бјути предностите кои ги има кокосовото масло, за неговите својства кои одлично делуваат на кожата и косата, за лекување на лузни и опоравување на стареењето на кожата.
Сепак постојат случаеви кога кокосовото масло го оптеретува лицето, ги затвора порите и ја спречува кожата да дише, допринесува лицето да изгледа уморно и не спречува појава на акни.
Според зборовите на дерматологот и научникот од клиниката Mount Sinai Hospital, Џошуа Зејкнер, кокосовото масло е сепак “тешко” за лицето:


“Ова масло има многу бенефиции, но ги затвора порите. Во основа, кокосовото масло е многу заштитено и наместо да се апсорбира во кожата, останува на неа. Посебно не се препорачува за лицата кои се склони на акни и митесерии”.
Иако кокосовото масло е богато со витамин Е, линолска киселина која ја смирува иритантната кожа, сепак ова масло не се покажа како добро за бробата против акни.
Само во одредени случаеви се покажа како одлично против воспаление на кожата и акните:
“Овде мора да ги имаме во предвид гените отколку лековитите својства на маслото. На одредени типови на кожа, маслото од кокос им одговара, а на други не. Некои се многу чувствителни на овој производ, други не и во тие случаеви генетиката игра важна улога”, продолжува дерматологот.
Можеби единствениот начин да одредите дали маслото од кокос навистина одговара на Вашата кожа е да пробате:
“Треба да бидете многу внимателни, бидејќи на пазарот постојат лосиони и анти акни гелови кои имаа далеку подобар ефект”, советува докторот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.