На прагот на туристичката сезона, Охрид со лоша инфраструктура и хигиена

Манастирот “Свети Наум”, Светиклиментовиот храм на Плаошник и средновековните цркви во древниот Охрид се главните локалитети, кои деновиве ги посетуваат верниците. Илјадници туристи го посетуваат стариот дел на градот, Самоиловата тврдина, Златната соба, амфитеатарот, но посебна магија се излетите на Заливот на коските во Градиште.
На прагот на туристичката сезона главните критики на туристичките работници се на адреса на инфраструктурата и хигиената во градот и околината.
– Самиот влез и приод на градот ни е катастрофален. Се надевам дека ќе има слух од властите барем приодот од аеродромот до влезот на градот да се асфалтира и среди сведоци сме на купишта ѓубре тоа навистина делува не убаво тоа е првиот впечаток на туристот. И да продолжам понатака автопатот до нашиот главен град знаеме во каква состојба е и се надеваме дека ќе се подбрат овие работи кои ќе влијаат на подобрување на туристичката понуда, вели Челик Асим туристички работник ТУИ.
На одмор во Охрид доаѓа средната и посиромашната класа од Европа. Според туристичките работници на брегот на Охридското езеро недостигаат луксузни хотели за привлекување на туристи со подлабок џеб.
– Голем број од хотелите изминатите години со порастот на странските туристи сведоци сме дека се парцијално реновирани или адаптирани на потребите. Факт е дека немаме, со исклучок на еден два хотели односно еден во Охрид изграден од темел нов хотел. Немаме нов хотел изграден од темел со нови содржини сите хотели се од времето на една бивша држава а сега само преадптирани. Сакам да кажам дека да ни фалат хотели, со добивање на нови хотели ќе добие и нова понуда, а со тоа ќе ја подобриме и клиентелата која доаѓа во Охрид, подобро платежни гост но за нив ни требаат подобри услови, смета Асим.
За неколку денови стартуваат редовните странски гости преку субвенционираните тур оператори, а од април веќе почнаа кружните Балкански тури, кои ќе ги има до октомври.
извор:охриднет.мк

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.