На протестите на „жолтите елеци“ во Франција уапсени околу 700 луѓе

Денес за време на протестите на „жолтите елеци“ во Франција превентивнно се уапсени околу 700 луѓе, од кои 575 во Париз, а меѓу нив 272 се задржани во полиција. Ситуацијата е најтензична на големите париски булевари, каде околу пладне биле поставени барикади. Превентивните апсења се вршат затоа што полицијата се сомнева дека демонстрантите кои поседуваат таква опрема планираат насилства врз луѓе или уништување на објекти. Полициските сили од изутрина ги контролираат пунктовите на кои се собираат демонстрантите, притоа одземајќи им ја опремата, како што се шлемови, заштитни очила и спрејови.
Според проценката на медиумите на денешните протести учествуваат помалку демонстранти или 31.000, за разлика од минатата недела кога на улиците во француските градови имало 36.000 демонстранти.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.