На саботната Задушница на гробот на Шабан Шаулиќ осамна Поема за кралот

Местото каде што е погребан Шабан Шаулиќ – кралот на народната музика, големиот човек и пријател секојдневно го посетуваат семејството, колегите и пријателите. Тука секојдневно доаѓаат и голем број негови обожаватели, и на вечното почивалиште палат свеќи, оставаат цвеќе, разни други предмети и реликвии…
Сепак, две негови обожавателки оставиле нешто многу необично, што толку многу потсетува на него и неговите песни. Тие на гробот на Шаулиќ оставиле стихови во рамка, кои се всушност поема составена од некои од стиховите на неговите песни.
“Шабан Шаулиќ, таков пејач се раѓа еднаш, и вака стихот се пее, кралот на нашите народни песни, најголемата легенда на сите времиња. Солзи ни потекоа, кога ја слушнавме веста, каде е сега тој боем и таа добричина, олицетворение на честа? Многу ни е жал што животот е зол, најдобар пејачу на нашето време, легендо најголема, никогаш не прежалена.
“Ние сочувствуваме со Вашата болка, драги членови на семејството Шаулиќ“- стои на крајот на оваа поема.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.