НА СВЕТОТ МУ СЕ ЗАКАНУВА НОВА ВОЈНА!? Искусен генерал од Германија предупреди на најлошо: Можеме да се одбраниме и ќе се браниме!

Изјавата на искусен генерал од Германија шокираше многумина во Европа – планираат ли Русите напад врз Германија?

Генералот Карстен Брејер, прв човек на германските вооружени сили, за германските медиуми изјави дека стравува дека Русија може да ја нападне Германија и да започне „одбранбена“ војна.

Во интервју за Frankfurter Allgemeine Sonntagskeitung, Карстен Брејер вели дека е загрижен што Русија се вооружува во овој момент. Тој додаде дека Германија ќе мора да се навикне на можноста „еден ден да треба да води одбранбена војна“.

Во некои американски сојузни држави веќе започна гласањето за претседателските избори што ќе се одржат на 5 ноември
Во некои американски сојузни држави веќе започна гласањето за претседателските избори што ќе се одржат на 5 ноември. Гласачите се наредени во петокот во Минесота, Јужна Дакота …
Љубовен хороскоп до 28 септември! Вагите се заводливи, Стрелците имаат кратка врска, а еве на кој му следи познаник преку Интернет
Дознајте што ви подготвуваат ѕвездите на љубовен план во следните седум дена.ОВЕНЧесто сте темпераментни и нетрпеливи, а во овој период ќе запознаете повеќе луѓе кои неодоливо ги …

Карстен Брејер беше прашан и дали германската Армија ќе може да се справи со евентуален руски напад врз НАТО, чиј дел е и Германија. Карстен Брејер вели:

„Да. Периодот е таков. Немаме алтернатива. Можеме да се браниме и ќе се браниме“.

Сепак, Карстен Брејер призна дека германската Армија има недостатоци кога станува збор за националната и сојузничката одбрана, бидејќи со години е фокусирана на меѓународниот кризен менаџмент.

„Сега гледаме Бундесвер (вооружени сили на Германија) кој сè уште не е доволно опремен за војна“, вели тој, додавајќи дека има структури кои ги прават брзите и насочени одлуки речиси невозможни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.