Ана Паула де Силва, бразилска пратеничка, добила закани на друштвените мрежи со смрт и силување, бидејќи се појавила во впечатлива црвена тоалета со длабоко деколте на инаугурацијата.
Додека доминираа коментари со кои добиваше комплиемнти за изгледот, едни уптаува и страшни закани дека ќе биде силувана.
Де Силва е избрана во јануари со повеќе од 50.000 гласови за член на Собранието на Санта Катарина.
На заканите таа вели:
„Нема да се откажам од тоа што сум. Сакам да бидам среќна пред се, а тоа значи дека ќе им се претставувам на луѓето онаква каква што сум“.