Надлежните во Шведска планираат да испитаат зошто секоја година од нивната земја снемува околу 9.000 коњи, за што експертите се сомневаат дека завршуваат во фабриките за храна на континентот.Истражувањето направено од државни службеници во јужниот дел на Шведска и Hästnäringens nationella stiftelse, HNS (Асоцијацијата за коњска индустрија) покажа неочекуван јаз во бројот на смрт на коњи регистрирани во Шведска.Во Шведска има 360.000 коњи, со просечен живот од 15 години, па статистиките покажуваат дека годишно треба да умираат околу 20.000 коњи, пишува весникот Svenska Dagbladet.Сепак, бројките не се сложуваат.„Најдовме само 14.000 во статистиката, а го превртевме секој камен при нашето истражување. Има јаз од 4.000 до 9.000 коњи секоја година“, вели Каролина Торел, од Асоцијацијата.Забележително е што бројот на `изгубени` коњи, секоја година е ист, а истражувачите веруваат дека од 2000 година до сега, на тој начин исчезнале 100.000 коњи.Торел понуди неколку објаснувања, како фактот дека некои коњи подолго живееле, дека нивните сопственици ги купувале без потребните дозволи, или дека животните завршувале во кланиците надвор од Шведска.Матиас Гордлунд од ветеринарната инспекција на Сконе (јужниот дел на Шведска)објаснува дека едвај да се врши некаква контрола на животните кои ја напуштаат земјата.Тој тврди дека вредноста на еден коњ во касапница во Шведска изнесува 2.000 шведски круни, околу 315 долари, а цената на истиот во Данска е два пати поголема, три пати е поголема во Белгија, а дури четири пати во Италија.„Нема интерес ова да се прави легално“, додава тој.Оваа недела, шведската компанија за храна „Финдус“ беше под осуда на јавноста, кога во нивните подготвени лазањи, кои требало да се најдат во шведските маркети, било најдено коњско месо, во некои случаи и до 90 отсто, иако на декларацијата стои дека е телешко месо.„Финдус“ го обвини својот набавувач, фирмата „Comigel“ со седиште во Белгија.По откритието, 20.000 пакувања од оваа храна беа уништени.„Бидејќи содржината на јадењето не соодветствува со декларацијата, ние не можеме да направиме ништо друго, освен да го исфрлиме“, вели Хенрик Хајберг, директор на Findus.
МакфаксНадлежните во Шведска планираат да испитаат зошто секоја година од нивната земја снемува околу 9.000 коњи, за шт