МНОГУ ПОЗНАТИ ФАЦИ на удар – НА ЧЕКОР СМЕ ОД објавувањето на тајните документи: На списокот на Џефри Епштајн има 187 имиња!?

Еден њујоршки судија се подготвува да ги објави имињата на речиси 200 лица поврзани со синџирот за сексуална трговија со луѓе на Џефри Епштајн и Гислајн Максвел, потенцијално откривајќи ги идентитетите на многу познати фаци кои претходно биле познати само како Џон и Џејн Дос во правните документи. 

Јужна Кореја ќе се стреми кон подобрување на односите со Јапонија под водство на новиот јапонски премиер
– Јужна Кореја изрази желба да соработува со новата јапонска влада за зајакнување на односите со Јапонија, соопшти јужнокорејското Министерство за надворешни работи. Изјавата доаѓа по изборот на …
Обдукцијата треба да ги покаже причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
Како што информираа од болницата веднаш биле повикани обвинител и истражна екипа. Обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за смртта на младата кумановка. Таа во болницата била …

Рокот за приговори за откривање на овие имиња истече во понеделникот, речиси девет години откако жртвата Вирџинија Џуфре поднесе тужба за клевета против Гислајн Максвел во 2015 година.

Случајот против Гислајн Максвел, исто така, го постави теренот за федерално судење за сексуална трговија, што резултираше со нејзина осуда за пет од шест обвиненија и 20-годишна затворска казна во декември 2021 година.

Судијката Лорета Преске нареди да се отпечатат судските документи во тужбата на Вирџинија Џуфре поврзана со Гислајн Максвел. Во судските документи има 187 спомнувања, а многу од нив сега ќе добијат вистински имиња, што може да претставува срам за многу луѓе од висок профил поврзани со Џефри Епштајн.

Џефри Епштајн

На списокот може да има и поранешен претседател на САД, актери и академици. Би можело да биде именуван и принцот Ендру, вклучен во случајот. Минатата година, принцот и плати на Вирџинија Џуфре милиони за да ја реши тужбата што таа ја поднесе во која се тврди дека сексуално ја злоставувал кога имала 17 години.

„Џејн Дос 162“, жена која сведочеше дека била со Ендру, Гислајн Максвел и Џефри Епштајн во замокот на Џефри Епштајн во Њујорк, може да биде многу важна. Поранешниот претседател на САД, Бил Клинтон, идентификуван како „Џон 36“, се споменува во судските документи повеќе од 50 пати, според ABC News.

Поранешниот пилот на Џефри Епштајн, Лари Вишоски, во 2021 година сведочеше дека Бил Клинтон и Доналд Трамп летале со приватниот авион на Џефри Епштајн. Други значајни патници биле принцот Ендру, виолинистот Ицак Перлман, поранешниот водач на мнозинството во Сенатот на САД, Џорџ Мичел, починатиот сенатор од Охајо, Џон Глен и актерот Кевин Спејси,

Дневниците за планирање на Џефри Епштајн, добиени од The Wall Street Journal, вклучуваа имиња како Вилијам Барнс, директор на ЦИА и Кетрин Румлер, советник во Белата куќа во времето на Барак Обама. На листата се авторот Ноам Чомски, актерот Вуди Ален, поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд, поранешниот израелски премиер Ехуд Барак. Иако тие биле во неговите дневници, во моментов нема импликација дека тие се поврзани со злосторствата на Џефри Епштајн.

Џефри Епштајн изврши самоубиство во 2019 година додека чекаше федерални обвиненија за сексуална трговија. Голем број од неговите жртви биле малолетни.

Објавувањето на овие имиња се очекува дополнително да фрли светлина врз активностите на Џефри Епштајн. Вирџинија Џуфре ја поздрави одлуката на судијката како „чесна и транспарентна“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.