На церемонија за доделување на награди загинаа 20 војници на Украина

Оттаму додаваат дека во нападот, што бил изведен на 3 ноември во областа Запорожје, загинале најдобрите војници и дека се води темелна истрага за околностите на трагедијата, пренесува агенцијата Униан.

Украинскиот пратеник Михаило Волинец претходно објави дека во нападот загинале 28 војници, а над 50 биле ранети.

Украинските медиуми претходно јавија дека руските сили на 3 ноември истрелале ракета „Искандер-М“ врз војниците на 128-та бригада на вооружените сили на Украина во близина на селото Заречное, во Запорошката област, за време на церемонија на доделување награди по повод Денот на артилеријата.

Украинскиот министер за одбрана Рустем Умеров изјави дека наредил истрага и дека одговорните ќе бидат казнети.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.