На Цеца и се заледи крвта кога ја виде оваа личност на гробот: Ова е ќерката на Аркан која ја доби со вработена во затворот каде лежеше

Жељко Ражнатовиќ Аркан е убиен на денешен ден пред 20 години во 17:05 часот во тогашниот хотел „Интерконтинентал“ во центарот на Белград.
По тој повод денеска семејството и пријателите се собраа на неговото вечно почивалиште за да му одадат почит.
Цеца стигна со децата Анастасија и Вељко, а на поменот пристигна и ќерката на Аркан Софија.
Софија инаку живее во Брисел, а често доаѓа во Србија и во одлични односи е со фолк ѕвездата и нејзините деца.


Софија е родена во 1979 година, а по венчавката на Цеца и Аркан таа со нејзината мајка била на гости кај нив.


Аркан Софија ја доби со социјалната работничка која во белгискиот затвор водела грижа за него.
Фолк дивата денеска беше облечена цела од глава до пети во црно, додека Анастасија и Софија стоеја еден до друг.
На гробот беше и Вељко додека не се појави неговата сопруга Богдана која за неколку месеци треба да се породи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.