На специјалната обвинителка во оставка Катица Јанева, која од притвор со полициска придружба беше однесена на погребот на нејзината мајка во Гевгелија, денеска повторно и` се слошило.
Како што објавуваат некои медиуми, на Јанева ѝ се слошило во капелата на градските гробишта во Гевгелија. Таа не ѝ се придружила на погребната поворка и со полициско возило била вратена во притворот во Шутка.