По екстремно топлиот ден и ведрото небо, над Скопје небото се стемни.
Во овој момент во главниот град дува засилен ветер, а како што предвиде и УХМР попладнево се очекува локална умерена облачност.
На делови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, претежно во планинските подрачја во северните делови.
Доколку излегувате од дома, понесете си чадор бидејќи за кратко може да заврне и дожд.