Веројатноста дека камерите на Google во мало село ќе фатат некој како прави кривично дело е многу мала. Сепак, Google Maps беше тој што им помогна на шпанските истражители да го решат случајот со исчезнувањето на човекот кој беше пријавен за исчезнат од ноември минатата година.Шпанската полиција ја уапси сопругата на убиениот и нејзиниот сегашен партнер во општината Сорија, која се наоѓа во автономната заедница Кастилја и Леон. Тие се осомничени дека го убиле и распарчиле сопругот на жената, кој бил исчезнат неколку месеци.По неколкумесечна потрага, полицијата на гробиштата во селото Тајуеко, во кое живеат 56 жители, пронашла останки на исчезнат маж. Како што објаснија, во текот на истрагата погледнале и во Google Maps, каде наишле на интересна сцена која им помогнала да го решат случајот. На фотографијата, која стана вирална на социјалните мрежи, се гледа како маж се наведнува во багажникот на автомобил, во кој има голема торба, во која може да има тело, пренесува La Vanguardia.Мажот кој стоел до возилото е сегашен партнер на жената која полицијата ја уапсила.Исчезнувањето на 33-годишен маж со кубанско потекло го пријавил негов роднина на крајот на минатата година. Според шпанските медиуми, роднината се загрижил откако не можел да стапи во контакт со него, иако редовно комуницирале. Наводно, пред да исчезне, жртвата се вратила од Куба и дознала дека сопругата го изневерува со сосед, сопственик на локален бар. Полицијата претпоставува дека овој љубовен триаголник бил мотив за злосторството.
Пронајдете не на следниве мрежи: