ГЕРМАНИЈА: Невидена криза на пазарот на недвижности: Доаѓаат нови предупредувања, балонот пукна

Веќе со месеци се зборува за влошување на состојбата на германскиот пазар на недвижности, бидејќи градежништвото значително забави – додека побарувачката расте . Се разбира, еден од најголемите проблеми се цените, но тука е работата: бројките паѓаат, што е добро за граѓаните, но не вреди инвеститорите да градат.

Како што неодамна изјави Константин Колодилин од Германскиот институт за економски истражувања (DIW), „балонот пукна“.

Светските лидери реагираат на израелскиот напад врз Либан
Среде моќните напади на Израел врз Либан, CNN ги пренесува реакциите на светските лидери за големата ескалација на насилството во која загинаа повеќе од 500 луѓе, а илјадници беа ранети. Кинескиот …
Либанскиoт министер: Ќе бидеме во тешка позиција ако Хезболах продолжи да се коцка
Либан ќе биде во многу тешка позиција доколку Хезболах „продолжи да се коцка“ во конфликтот со Израел, изјави министер од либанската влада за „Скај њуз“. Како што расте стравот од ескалација, …

– До лани имаше шпекулативен ценовен меур во Германија, еден од најголемите во последните 50 години. Оттогаш цените паѓаат.

Цените на недвижностите во Германија, според тоа, продолжија да се движат надолу и во третиот квартал од 2023 година беа за 10,2 отсто пониски во споредба со истиот период минатата година.

Се вели дека тоа е лош знак за секторот на недвижности во најголемата европска економија. Станува збор за четири последователни тримесечни падови на цените, што не се случило од 2000 година, а актуелната криза на германскиот пазар на недвижности се толкува како најголема во последните неколку децении.

Инаку, самиот сектор на недвижности е просперитетен во целиот свет, а со години цвета благодарение на ниските каматни стапки и високата побарувачка… Сепак, наглиот пораст на каматите и трошоците за живот стави крај на тој тренд.

Падот на цените на семејните куќи во поголемите германски градови во третиот квартал изнесува 12,7 отсто, додека цените на становите се пониски за 9,1 отсто. Дополнително, нарачките за градба во октомври се намалени за 6,3 отсто во однос на септември.

Германската асоцијација на градежната индустрија наведува дека секторот за изградба на станбени згради е на пат кон дополнително намалување на бројот на работни места. На крајот на октомври тие предупредија дека губењето на работните места во таа област се заканува да предизвика бран стечајци и затворање на голем број бизниси.

Потсетуваме дека австриската компанија за недвижности Signa Group , која е многу присутна во Германија, поднесе барање за стечај во ноември.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.