Диетата е многу полесно да се држи кога на дофат на рака имаме свежи намирници. Губењето килограми е полесно, а за тоа ви се потребни само седум дена. Состојките кои се користат за оваа диета се освежувачки и идеални за оваа топлина – како што е краставицата.
Погледнете го овој план за исхрана во кој главната состојка е краставицата. Таа не само што ќе ви помогне во губењето килограми, туку ќе го поправи и варењето, ќе ги исчисти цревата, ќе направи детокс на организмот, ќе го забрза метаболизмот, ќе ја исчиси кожата и ќе ја заштити од акни. Краставицата е богата со калиум, витамин Б, К и Ц, бакар и манган. Има се што му е потребно на нашиот организам.
Доручек
Измешајте една шолја исечкана краставица со една шолја нискомасен грчки јогурт. Во овој доручек може да додадете јаболка или праски.
Ручек
– Направете салата од краставица и домат и изедете ја со парче леб со цели зрна житарици.
– За да го забрзате метаболизмот, пробајте го следниот рецепт:
1 краставица, 1 шолја овошје, 2 компири, 1 парче леб со цели зрна житарици.
Сварете го или исечете го компирот и малку зачинете го со сол и бибер. Изедете го со салатата од краставица и лебот. Како ужина изедете овошна салата и напијте се шолја чај.
– 1, краставица, 1/2 шолја туна, 2 јајца, 2 компири, 3 парчиња леб со цели зрна житарици.
Сварете го или исечете го компирот и малку зачинете го со сол и бибеер. Сварете ги јајцата. Над компирот ставете ги јајцата, туната и парчиња краставица.
Шејк од краставица за ужина
Доколку чувствувате глад помеѓу оброкот тогаш направете го овој вкусен шејк. По овој шејк сигурно нема да чувствувате вина што сте го испиле, а може да го консумирате во неограничена количина.
Потребни ви се:
– 1 краставица;
– 1 јаболко;
– полна рака спанаќ;
– 1 лажица ѓумбир;
– 1 лажица ореви или бадеми.
Сомелете ги краставиците, спанаќот и јаболката, со соино или бадемово млеко. Можеби ќе ви биде потребно да додадете уште 1/4 шолја течност. Додајте ситно исечкан ѓумир и сето тоа измешајте го убаво.
Вечера
Земете го вашето омилено овошје и уживајте во овошната салата. Немојте да изедете повеќе од една и пол шолја овошје.
Овој план на исхрана е речиси ригорозен, но апсолутно ефикасен. Го забрзува метаболизмот, а телото ќе почне да ги согорува маснотиите.
За да ги видите максималните резултати, секојдневно треба да вежбате 20-30 минути.