Неда Украден во бикини нема конкуренција, ја отвори летната сезона – позираше во жешко издание, годините за неа се само бројка 

Пејачката Неда Украден е позната по својата виталност и младешки дух, а сега реши да се пофали со фигура на која може да и позавидат многу помлади дами.

Неда моментално го поминува времето со внуците во својата семејна куќа која неодамна ја реновирала и поставила базен во дворот, а таа станала вистински мал рај и за неа и за нејзините наследници.

Неда сега позираше пред базен во розов костим за капење и ја покажа својата фигура на 73 години.Пејачката носеше голема капа во иста боја како и нејзиниот костим за капење, но и очила за сонце.

– Отворање на сезоната 2023 – напиша Украден покрај фотографијата.
Нејзината витка линија воодушеви многумина, а набрзо следеа многубројни коментари: „Кралица“, „Жена змеј“, „Секоја чест“…

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.