На светските берзи минатата недела цената на нафтата падна за повеќе од 3 отсто, по две недели раст, бидејќи се очекува производството на ОПЕК да се зголеми на крајот на годината, а трговците не се сигурни дека побарувачката дотогаш значително ќе се зголеми.На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 3,5 отсто, на 71,89 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот падна за 5,2 отсто, на 68,18 долари.Падот на цените главно се должи на веста дека Саудиска Арабија има намера да се откаже од целната цена од 100 долари за барел и да го зголеми производството во декември за да го зголеми пазарниот удел, пренесува SEEbiz.Ријад постојано демантираше дека цели кон одредена цена, а извори од Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) велат дека планот за зголемување на производството не претставува отстапување од официјалната политика на групата.Летово ОПЕК и неговите сојузници најавија дека од декември ќе го зголемат производството за 180.000 барели дневно.На цените негативно влијаеше и веста дека конфликтните страни во Либија потпишаа договор со кој се реши спорот околу централната банка и контролата на приходите од нафта, што може да значи дека извозот на нафта ќе се нормализира.Поради овој конфликт, имено, либискиот извоз падна на само 400 илјади барели дневно во септември, додека пред конфликтот беше повеќе од еден милион барели дневно.Бидејќи се очекува зголемување на понудата, цените на нафтата не се зголемија дури и по вестите за новите монетарни и фискални стимулативни мерки од кинеските власти, најголеми од пандемијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: