Независен: Мицкоски во аут, власта ќе оди директно кај пратениците

Се стеснува просторот за дискусија со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за обезбедување двотретинско мнозинство во Собранието за да се изведе уставната ревизија предвидена со договорот со Грција. Сепак, владејачкото мнозинство ќе направи последен обид процесите да продолжат во Собранието, иако на политичкиот хоризонт се појасно се гледаат предвремените парламентарни избори.
Лидерска средба меѓу Зоран Заев и Христијан Мицкоски нема да има. Таков формат за владејачкото мнозинство е неприфатлив, имајќи предвид дека станува збор за куси рокови што треба да се исполнат, а и досегашните средби со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, како што велат, се покажале контрапродуктивни.
„Во минатото дадовме карт-бланш за техничка Влада. Ги прифативме барањата за финансирање на политичките партии, ја формиравме ДИК со претседател од ВМРО-ДПМНЕ. За возврат апсолутно не сакаа ни да разговараат за некаков начин за успешна поддршка на процесите кои се важни за државата“, изјави вчера Заев.
Повеќе: Мицковски во аут!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.