Независен синдикат на професионалните војници: Мисајловски да се погрижи за АРМ наместо да отвора градинки

Првпат гледаме министер за одбрана да отвора градинки, наместо да се погрижи за Армијата, пишува во објава на Фејсбук Александар Настески, претседател на Независниот синдикат на професионалните војници.

– Пред неколку дена се постави камен темелник за нова градинка во општина Ѓорче Петров, и како што можевме да видиме таму присуствуваше министерот за одбрана #ВладоМисајловски !

За првпат видовме министер за одбрана да присуствува на почеток на изградба на

” градинка “….🤔⁉️

👉Како синдикат повеќе очекувавме дека ќе присуствува на поставување камен темелник на нови објекти по касарните низ државата и реновирање на постоечките …АМА за жал не е така ‼️

👉 Бидејќи како синдикат немаме средба со министерот во овие 4 месеци и НЕМА социјален дијалог… Ќе му образложиме како е во Армијата ❗

👉 Господине министер,

🔴 Дали знаете дека 95% од лицата кои даваат стражарска служба (обезбедување на објекти) се професионални војници

🔴 Дали знаете дека во тие објекти , тие професионални војници таму работат,спијат, јадат, престојуваат 24 часа / 365 дена во годината

🔴 Дали знаете дека некои објекти не се реновирани дури од ЈНА, дека се покриваат скршените прозорци со картони, дека има влага и објектите се руинирани, дека војниците спијат на перници и ќебиња стари 20 години ‼️

🔴 Дали знаете дека нема техничка вода , дека се носи вода со цистерни, некаде нема струја се употребуваат агрегати, нема каде да се избањаат војниците и нема санитарни јазли ‼️

ЗНАЕТЕ ЛИ ⁉️

СЕКАКО ДЕКА НЕ ЗНАЕТЕ, бидејќи НЕМА кој да Ви каже ‼️

👉Министерството за одбрана ТРЕБА да се грижи за припадниците на Армијата, за ТИЕ кои деноноќно ја чуваат државата треба да се обезбедат нормални услови за работа и живот, а не да се прави ПР од се ❗

❌ На професионалните војници не им треба градинка , бидејќи над 80% од професионалните војници кои ќе наполнат 45 години ја напуштаат државата со се цело семејство…. така да секако градинките ќе бидат празни ❗

👍 На професионалните војници им треба ПЕНЗИЈА за да продолжат да живеат во оваа држава ‼️

А баш за таа ТЕМА сите се НЕМИ , и тоа со децении….

#ВистинатазаАрмијата – стои во објавата на Фејсбук.

Пронајдете не на следниве мрежи: